ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 5:43 PM

За 24 часа се регистрирани 528 болни од ковид-19, оздравеа 327 лица, починаа седум пациенти

Во последните 24 часа од направени 4.323 тестирања регистрирани се 528 нови случаи на ковид-19. Во исто време се регистрирани 327 оздравени пациенти и седум починати. Дополнително, пријавени се и шест починати лица со датум на смрт од 27 октомври до 8 ноември 2021 година, информира Министерството за здравство.
Според податоците од Институтот за јавно здравје од 528-те нови случаи, во Скопје се 200, во Битола 53, Прилеп 42, Кавадарци 34, Велес 24, Кочани 22, Штип 19, Куманово 18, Охрид 13, Струмица и Гевгелија по 10, Крива Паланка и Пробиштип по 9, Кратово и Демир Хисар по 7, Тетово, Ресен и Валандово по 6, Гостивар и Неготино по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија по 2 и во Македонска Каменица, Дојран и Пехчево по 1.
Од вкупниот број оздравени пациенти, од Скопје се 133, Битола 37, Куманово 27, Кавадарци 19, Тетово 18, Велес 14, Штип и Охрид по 10, Прилеп 8, Кочани, Струмица и Крива Паланка 7, Гевгелија, Валандово и Кичево по 4, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш по 3, Неготино и Крушево по 2 и Кратово и Гостивар по 1.
Од седумтемина починати во изминатите 24 часа, четворица се од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), двајца од Свети Николе (76г и 84г) и еден од Кавадарци (65г). Сите тие се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица од Мој Термин, пријавени се шест починати лица, со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021, од кои по две од Скопје и Тетово и по еден од Кичево и Радовиш. Тие се на возраст од 59 до 86 години. Тројца од нив починале во домашни услови, а останатите во болница.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а на активни случаи изнесува 8.600.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1