ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 5:01 PM

МЕПСО ќе го тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета: Договорот за набавка на авиобилети во вредност од 125.000 евра за три години

АД МЕПСО ги отфрла како неоснованои и тенденциозни обвиненијата на ВМРО ДПМНЕ дека оваа компанија троши 125 илјади евра за авиобилети.
Во нивното соопштение се вели дека. „Договорот за набавка на авио билети е три годишен рамковен договор, потпишан во август оваа година и има важност до 2024 година. Тоа значи дека предмет на плаќање согласно овој рамковен договор ќе бидат патувањата што ќе се реализираат во тек на три години“.
Додаваат дека ваков договор за набавка на авио билети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции од типот на интерконекција Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). „Посочуваме дека од предвидената сума со рамковниот договор, до 31.10.2021 АД МЕПСО има исплатено 0 (нула) денари по основ на овој договор. АД МЕПСО во континуитет е предмет на неосновани напади од страна на ВМРО ДПМНЕ, а денешното обвинување е последното во низата кое само по себе е парадоксално ако се знае дека на пример договорот за 2013-2016 година бил потпишан за набавка на авио билети во износ од 150.000 евра. Бараме партијата веднаш да се извини за денеска изнесеното тендециозно обвинение, а нашиот правен тим ќе преземе соодвети правни мерки во интерес на заштитата на угледот“, се вели во соопштението н МЕПСО.

ВМРО-ДПМНЕ денска обвини дека: „Во сето безредие и хаос со енергетската криза во која што СДСМ ја втурна Македонија, менаџментот на МЕПСО во август решил да патува и потпишал договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, за што сведочат документите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ“. Ова го истакна Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1