ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 9:30 PM

Подгответе си домашен сируп за да се спасите од есенскиот грип

Есента и зимата ни носат не само постудено време, дожд и снег, туку и појава на настинки и на грип.

И настинката и грипот спаѓаат во групата на инфекции кои се пренесуваат со капки. За време на говорење, кивање, кашлање, заразеното или болното лице исфрла мали капки во околината кои ги содржат причините за болеста. Овие капки преку воздухот стигнуваат до други луѓе, кои со вдишување ги внесуваат во телото, со што болеста се пренесува и на здрави луѓе. Здрава личност може да се зарази и со допирање на област инфицирана со вирус и потоа да ја пренесе на носот и устата.

Како да си помогнете ?

Пијте што повеќе топли напитоци (чаеви, пилешка супа…) и лимонада. Консумирајте што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук поради содржината на витамини, минерали, антиоксиданси и растителни влакна. Навлажнете го воздухот во просториите каде што се наоѓате. Редовно проветрувајте ги просториите. Што повеќе мирувајте и одморајте.

За да се избегне бронхитис и таложење на секрет во дишните паришта, пожелно е да користите хербален сируп кој можете да го подготвите самите дома.

Состојки и подготовка:

Растворете 200 гр. шеќер, потоа додадете 300 мл. вода и мешајте додека шеќерот не се растопи. Во смесата додадете шест ловорови листови, седум прстофати жалфија, лажица бел слез, лажица камилица, два сантиметри свеж корен од ѓумбир и стапче цимет.

Гответе три минути. Тргнете го од оган и кога ќе се олади, процедете и ќе добиете густ сируп.

Благодарение на ваквиот хемиски состав на растението, белиот слез се користи за различни проблеми на респираторниот, дигестивниот и уринарниот систем. Слезот во медицината се смета за едно од најдобрите средства за обновување на слузокожата.

Извор: pink.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1