ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 3:10 PM

Франција одбележа шест години од терористичките напади во кои загинаа 130 лица

Франција денеска ја одбележува шестата годишнина од трагичната ноќ во Париз, кога екстремисти, членови на Исламската држава, убија 130 луѓе во координирани терористички напади на преполната концертна сала Батаклан, како и во барови, ресторани и на фудбалски стадион.
Премиерот Жан Кастекс и други официјални лица денеска со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од координираниот терористички напад кој се случи на 13 ноември 2015 година на стадионот Франција.

Се верува дека Салах Абдеслам, 32-годишен Французин-Мароканец е единствениот преживеан член од терористичка ќелија, осомничена за организирање и извршување на самоубиствени напади.

Останатите 19 осомничени се обвинети дека помагале во набавка на оружје и автомобили или дека имале некоја друга улога во организирањето на она што се нарекува „француски 11 септември“.

Извор и фото: novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1