ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 2:30 PM

(видео)Трповски: Исцрпен е хидропотенцијалот, ќе мора дополнителен увоз на струја

Во моментов ЕСМ произведува онолку колку што мораме да ги задоволиме потребите според договорите. Дел од таа енергија во моментот се увезува поради испадот на Блокот во РЕК. Блокот што беше во ремонт го забрзавме процесот и во недела ќе се врати и од недела ќе имаме два блока во функција, рече во емисијата Стадион, Благојче Трповски, директор на производство, АД Електрани на Северна Македонија.

Што се однесува до депонијата со јаглен, Трповски вели дека има околу 120.000 тони на јаглен.

-Ќе биде потребен и дополнителен увоз на струја, од причина што се исцрпени хидропотенцијалот. Се работи на откоп на поле во износ од 380.000 тони, се работи на откривање на јаловината на следното откупно поле. Очекуваме до крај на сезона на греење, да работат два болка ќе се потпираме на хидропотенцијалите, а ќе се докупува да се одржи системот во ред, рече Трповски.


 

На критиките за ненавременото ремонтирање и дефектите што се случуваат, техничкиот директор на РЕК вели дека можеше да се прогласи дека комбинатот се затвора следните три месеци, за да се извршат поправките.

-Но ние веќе следниот ден тргнавме и продолживме. Тоа значи дека ќе треба подолго време за да се завршат работите. Осломеј почнува од 1 декември 47.000 тони јаглен и е спремен. Дел од јагленот е со резерви на РЕК, а веќе се потпишани договорите  за набавка, ќе се распише и нова набавка со оние понудители со кои до сега се работи. И до сега имавме околу 80 камиони што ја искачуваат Стража. Со добро и внимателно планирање се’ може да се извлече, вели Трповски.

Во однос на најавата за поскапување на цената на електрична енергија, Трповски вели дека е неминовност, но Регулаторната комисија за енергетика има свои механизми да компензира.

-До Нова Година имаме договор кон ЕВН Хоум од испорачување на енергија по цена од 36 евра по мегават час. Сигурно ќе има покачување на цената, но тоа е обврска на Регулаторна комисија, која има свои механизми да го ублажи тој скок. Некакво покачување ќе мора да има, рече Благојче Трповски во Стадион.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1