ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 2:19 PM

(видео)Мавровски: Камионите со јаглен ќе го затворат Плетвар за сообраќај

Недомаќинско е  работењето на Електрани на Македонија без планирање, што доведе до уште подлабока енергетска криза и прогласување на вонредна состојба, оцени поранешниот директор на ЕСМ, Спиро Мавровски. Тој проблемот го лоцира и во немањето на рудници за јаглен, не се работи на ископи, како што рече, затоа што машините по една поплава, не може да копа. Тоа е неможност на раководството со тоа да се справи со проблемите на терен, оцени Мавровски.

-Србија пред некој месец отвори нор рудник и електрана, а ние за жал, не стигнавме да го отвориме рудникот Живојно за посигурна и побезбедна зима и производство што ќе не води побезбедно во кризата. Но и она што го имаме со Неготино – не се работи на ископи, една поплава и машината за копање е вон функција, рече Мавровски во емисијата Стадион на Канал 77.


Како илустрација на лошото работење го истакнува проблемот со лошото планирање на резервите со јаглен. Според него, на сегашното раководство му биле оставени 12 милиони окривка на јаглен, кои во 4 години се експлоатирани.

-Тврдењето на сегашното раководство дека има 40 милиони јаглен во нормална работа е само за два дена работа. Никој не би останал на почетокот на грејна сезона со толку малку. Ние имавме од 400.000 – 500.000 тони . Важно е колку имате на депонија, а не на окривка. Најавата е дека ќе се носи 900.000 тони, но  проблем е транспортот. Сите овие луѓе кои одат од Ресен , знаат дека сме исклучени од сообраќај затоа што не можеме да го искачиме Плетвар. Во овој случај, кога нема автопат, или  пат од прв ред, во нормални услови не можете да се движите. Да не говорам за железничкиот превоз. Сме тргнувале од Богомила за Прилеп, многу пати локомотивата се враќала во Богомила. Немаме такви локомотиви, а и прашање е колку би чинел тој превоз, вели Мавровски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1