ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 1:54 PM

Стоилковски: Два месеца се води срамна истрага за пожарот во ковид центарот во Тетово, одговорност уште нема за никого

„Два месеца нема ништо конкретно од истрагата за тоа чија е одговорноста за тоа што болница полна со пациенти за три минути се пеплоса. За минути изгоре болница со 14 жртви, најголемиот дел од нив пациенти. Истрагата по два месеци вели – ништо конкретно не нашла!“, изјави на прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека, и по два месеца, Обвинителството сè уште нема утврдено кривична одговорност за избувнување на пожарот на 8 септември годинава, кога живи изгореа 14 лица. „Истрагата не покажала, цитирам: „Ништо конкретно“- ова се зборовите на ЈО Вилма Русковска, дадена за една национална телевизија“, рече тој.
Според Стиолковски, нема ништо конкретно и за одговорност поврзана со противпожарните протоколи во болницата, за посетите на роднините во објект, ковид- центар, за несоодветна инсталација, за присуство на кислородни боци каде што имало и електрични апарати со висок напон, за било што кое води до одговорност на министрот за здравтсво Венко Филипче, Илир Хасани, Шахпаска, Анѓушев или било кој друг поврзан со градбата на модуларните болници, од режимот на Зоран Заев и СДСМ.
„Два месеца ништо конкретно од истрагите на ЈО, на пет јавни обвинители од Скопје и од Тетово, нема ништо конкретно од истрагата на МВР кое води паралелна истрага, ниту од било која институција за најтраорната трагедија во современата македонска историја. 14 луѓе на кои ниту имињата не им ги соопштуваат, живи изгореа за неполни три минути. Ништо конкретно по два месеци истрага!“, изјави Стоилковски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1