ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 9:12 AM

(Видео) „Слава на Господ, мислам дека ќе плачам„ – Судот во Лос Анџелес го укина сгтарателството над Бритни Спирс

Судот во Лос Анџелес по неколкумесечна судска постапка, конечно во вчера одлучи да ги укине мерките за притвор под кои поп пејачката Бритни Спирс живееше 13 години.

„Денес (петок) ќе заврши старателството над лицето и имотот на Бритни Спирс. Тоа е одлука на судот“, соопштија од судот.

Пејачката не присуствуваше на рочиштето, а текот на судската постапка досега го следеше преку видео врска.

„Боже, толку многу ги сакам моите обожаватели што е лудо! Мислам дека ќе плачам остатокот од денот! Најдобриот ден досега. Слава на Господа…. може ли да добијам амин“, напиша таа на својот Инстаграм со хаштаг #FreedBritney.

Бритни Спирс (39) беше ослободена во септември од старателството доделено на нејзиниот татко Џејми Спирс во 2008 година, по нејзините психолошки проблеми.
Адвокатот на пејачката изјави дека со нејзините финансии и имот, вреден околу 60 милиони долари, ќе продолжи да управува сметководителот што таа го избра во септември, кога нејзиниот татко беше лишен од старателство.

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1