ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/13/21 8:42 AM

Овој делта сој е могу позаразен, не го одложувајте повторното воведување мерки, СЗО ги предупреди државите

Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди земјите со зголемен број на заразени со коронавирус да не доцнат со заострување на мерките за заштита.

– Колку побрзо се воведат мерките, толку потенцијално помалку ќе бидат потребни, изјави вчера во Женева експертот на СЗО Ковид-19, Марија ван Керхове.

Таа го нагласи фактот дека делта варијантата на вирусот што сега циркулира е многу позаразна од претходните варијанти.

Неколку земји се во тешка ситуација и мора да воведат „многу строги“ мерки, рече директорот на СЗО за здравствени вонредни ситуации Мајк Рајан.

СЗО, како и обично, не издвои ниту една земја, ниту ги коментираше потезите на владата на одредена земја.

Наведените мерки вклучуваат широко распространета употреба на маски, физичко растојание, обезбедување на добро проветрени внатрешни простории, избегнување собирање на мали простори и работа од дома каде што е можно.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1