ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 10:30 PM

Здрави грицки полни со протеини: ЕУ ги прогласи скакулците за храна за луѓе

Денес, скакулците се вклучени во европската листа на храна како дел од напорите на ЕУ за одржливо производство и исхрана.

Ова е втор пат Брисел да одлучи дека скакулците се безбедни за консумирање, откако во јуни одобри црви од брашно.

Наскоро може да следи и трет – штурец. Европската комисија објави дека скакулците ќе бидат означени како закуска или состојка на храна во дехидрирана или замрзната форма откако ќе им се отстранат крилјата и нозете или како прав.

Европската агенција за безбедност на храна наведува дека скакулецот „locusta migratoria“ е богат со протеини и не штети, иако може да предизвика реакции кај луѓе алергични на школки и мекотели.

Поднесени барања за уште девет видови инсекти

Организацијата за производство на храна посочува дека инсектите се многу хранлив и здрав извор на храна богат со протеини, витамини, влакна и минерали.

Инсектите, кои секојдневно ги јадат милиони луѓе ширум светот, се наведени во новата стратегија на ЕУ како алтернативен извор на протеини кои би можеле да ја забрзаат промената кон поодржливо производство на храна.

Европската директива од 1977 година веќе одобри алги, нови растителни протеини и одредени видови храна од други земји. Поднесени се барања за уште девет видови инсекти.

Извор: Б92.нет

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1