ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 5:47 PM

Повторно 13 починати од Ковид-19, најмладиот има 33 години, нови 469 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица од кои три од Скопје (44г, 60г и 77г), по две од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од: Скопје – 178,Куманово – 29, Кавадараци и Битола – по 20, Прилеп – 18, Штип – 13, Неготино – 12, Велес – 11, Кочани – 10, Тетово – 9, Свети Николе – 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Крива Паланка и Делчево – по 6, Гевгелија и Крушево – по 5, Берово – 3, Радовиш – 2, Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1