ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 3:10 PM

Свечено отварање на Винчини Центар за развој и Прогресив Академија во Виница – Нови патишта за успехот во регионот

„Комерцијален текст“

12 ноември 2021 година, Виница

Макпрогрес, еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, денес беше домаќин на официјалното отворање на новоизградениот Винчини центар за развој и Прогресив Академија во Виница. Повеќе од 70 гости присуствуваа на церемонијата на сечење лента и на обиколката околу овој импресивен нов објект, вклучително и претставници од меѓународни донатори, амбасади, комори, регионални компании и владини институции. Новиот центар е мултидисциплинарен објект со простори за обука и соработка, области за истражување и развој, лаборатории за сензорна анализа и креативно пакување, изложбени салони, музејска изложба итн. Овој центар ќе биде двигател на иновации и развој на таленти преку подобрување на техничките и менаџерските вештини, помагање на стартапи, поддршка на млади професионалци и соработка со заедницата, приватниот сектор и академијата, за одржлив развој на регионот.

Навистина сме среќни што визијата за овој иновативен кампус која ја имавме од пред десет години, по неколку години изградба и развој на програми, стана реалност и центарот сега е официјално основан. Покрај поттикнување на иновативниот дух кај вработените како и создавање соработка и синергија со клучните засегнати страни во заедницата, во рамките на овој развоен центар имаме и две академии: Винчини академија за надградба на техничките вештини и Прогресив академија за извршни менаџери. Особено сум горд на партнерството со Barry Callebaut, најголемиот производител на чоколада во светот, со кого ќе соработуваме во делот на Академијата за чоколади со цел обука на стручни лица за мајстори чоколатиери. – изјави г. Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес доо Виница и претседател на Управниот одбор на Фондацијата Прогресив Академија.

Претставникот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, изјави дека ЕБОР, како еден од иницијаторите на образовните програми на Прогресив Академија, е горд што гледа дека овој 2-годишен проект станува предводник за едукативен развој. „Горди сме што програмите на Прогресив Академија креираат можности за развој на вештини во корист на младите и другите во овој регион, како и за поголема родова вклученост и учество. Низ сите програми за обука, гледаме силна застапеност на женски инструктори и учесници, во просек од 50%, што придонесува за родовата и економската инклузија која е на агендата на ЕБОР. Со нетрпение очекуваме да го видиме големото влијание кое овој центар ќе го има врз поединците и компаниите во регионот“. – изјави г. Аранитаси.

Сите нови форми на професионална надградба, како и научно-истражувачки и развојни центри, како овој на Макпрогрес, се пример за тоа како да се биде успешна компанија која работи на подобрување на квалитетот на производите, обезбедува можности за учење за вработените, но и поттикнува иновации и развој како повисоки општествени цели “. – изјави др. Елена Милевска Штрбевска, потпретседател на Стопанската комора на С. Македонија.

Центарот ќе биде дом на Прогресив Академија, која обезбедува технички обуки и ја имплементира првата верифицирана Академија за извршни менаџери во земјата, а сето тоа е развиено од консултантската компанија PrimePoint Partners со поддршка на ЕБОР и Јапонски донаторски фондови. Прогресив Академија е отворена за соработка со приватниот сектор, невладините организации, средните училишта и универзитетите, како и општините, владата и меѓународната донаторска заедница.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1