ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 2:31 PM

Реџепи не го грабнале, ниту заминал за Бугарија, туку бил на гости, предмалку се пријавил во полиција

Пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи кој вчера „исчезна“ мистериозно и не се појави да гласа за недоверба на Владата на Зоран Заев, пред малку своеволно дошол во полициска станица Бит Пазар да се пријави дека е добро.

„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно  никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок,  со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, соопштија од МВР.

Реџепи вчера на Фејсбук прво објави дека нема да дојде да гласа за недоверба на Владата и дека ќе ја поддржи прозападната власт предводена од Зоран Заев со што ги отвори сомнежите дека можеби е киднапиран или евентуално му платиле да оди во странска земја, односно Бугарија како што тврдеше Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Доцна вечерта тој се јави со видео дека е добар и дека во понеделник ќе излезе пред јавноста да соопшти зошто се решил на ваква радикална одлука спротивна на ставовите на Беса која од денес е официјално опозиција по оставката на генералниот секретар Арјанит Хоџа од министерската функција.

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1