ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 1:59 PM

(Видео) „За Филипче уште тагувам, ќе се случи кога-тогаш“ Лиде го опеа шефот, но не го заборави министерот

Најголемата обожавателка на министерот за здравство, Венко Филипче, Лиде Лиде не мирува. По пауза од неколку недели во јавноста се појави Филипче, па се појави и таа. Со нова песна, но и со нов коментар кон него.

На првата прес конференција на Филипче,  по паузата додека тој објаснуваше, блесна коментарот на Лиде:

-Министре, годините ни минат, а срцата за љубов ни се кинат, напиша таа.

Со ова Лиде ги демантираше сите кои откако таа ја промовираше новата песна „Шефот“ помислија дека има нова симпатија.

-Ма каков шеф. Песната е вистинска приказна за времето кога бев принудена да си дадам отказ од работа, затоа што ги пишував коментарите за министерот. Инспирација ми се сите мобинзи и злобни работи кои се направија кон мене. Ете тоа ме придизвка, ептен ми лежеше на душа. Морав да го исфрлам од мене. Животот не ми е толку смешен и весел како што мислат. Но, во се нешто имам инспирација да напишам песна. Во оваа песна тие што плукаат највеке се пронаоѓаат, дали како шефови или како колешка која се вози во кола. Не е важно каков е спотот, луксузен или не, важна е пораката во песната, рече таа и додаде.

-За Филипче уште тагувам зашто не сме седнале заедно на кафе. Ма какво заборавање. Јас не се откажувам, животот е пред нас. Кафето ќе се случи кога-тогаш. Одиме понатаму. Затоа сакам да им кажам голема благодарност на сите мои фанови кои ме поддржуваа, но и на сите хејтери, не се свесни колку придонесуваат за мојата популарност. Да плаќав немаже да можам да ги исплатам. Колку богато поднебје е ова за тролање, рече таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1