ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 12:30 PM

Шпанските власти го враќаат бесплатното вештачко оплодување за немажените жени, лезбејките и трансродовите лица

Шпанската левичарска влада по одреден период на ограничување, повторно реши да овозможи бесплатно вештачко оплодување за немажените жени и за лезбејките, но оваа опција отсега ќе биде достапна и за трансродовите лица.

Програмата за вештачко оплодување која ја одобри социјалистичката влада на Хосе Луис Родригез Сапатеро (2004-2011) беше ограничена во 2014-та година од страна на тоашната власт. Од тогаш програмата беше бесплатна само за хетеросексуалните парови кои имаат здрваствени или проблеми со плодноста. Жените кои не можеа да останат бремени, немажените жени и лезбејките мораа да побараат помош во приватните клиники. Социјалистичката Влада на Педро Санчев изрази подготвеност ова прати да го врати веднаш по доаѓањето на власт во јуни 2018-та. Со извешна уредба „владата на немажените жени, на лезбејките и биполарните личности повторно овозможи пристап до вештачко оплодување преку јавниот здравствен систем“, соопшти Министерството за здравство. Покрај ова, Владата одлучи да ја прошири програмата и на трансродовите лица кои може да забременат.

Мерката која стапи на сила пред два дена опфаќа 8500 жени во Шпанија, наведува Министерството истакнувајќи дека се работи за важен чекор. Правото на оваа програма за сите граѓани одамна го застапуваат шпанските организации за заштита на ЛГБТИ заедницата.

 

Извор:  b92.net

Фото: Unsplash / Anastasiia Chepinska


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1