ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 12:10 PM

Нема нови мерки, но прескокнете ги семејните слави, апелираше Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести

На состаниокот утрово на Комисијата за заразни болести била разгледувана моменталната ковид состојба во државава и заклучено е дека нема потреба од нови рестриктивни мерки, односно дека и понатаму ќе важат постоечките.

-Овие мерки што ги имаме се сосема доволни, само што треба да се почитуваат во угостителските објекти, во сите места каде што има собири… Овие мерки се еднакви, како и во сите развиени земји. Го повторувам апелот за вакцинација, иако сме тука некаде во регионот. Во однос на болниците, ќе кажам дека има една карактеристика која е поразлична од предходните, а тоа е дека е намален бројот на пациенти кои се хоспитализирани, како и тоа дека е намален процентот на новодијагностицирани. Значи мерките остануваат, но  со оглед на тоа што доаѓа време за семејни слави апелирам до граѓаните или да не ги организираат, како што беше лани, или да се сведат на минимум, само во кругот на семејството, рече Филипче.

Дел од членовите на Комисијата за здравство зела обврска да истражи како е ситуацијата во околните земји, со цел да се види дали некоја мерка дава резултати или не.

-Многу е битно мерките да се логични и да даваат резултати. Многу пати видовме рестрикцијата во однос на движење немаше резултат. Вирусот е многу непредвидлив, еве ако има нов сој, зналчи ке има нови карактериситики. Затоа за тоа што се прави во регионот и какви се ефектите, ќе дискутираме идната недела. Мора граѓаните да знаат дека со својата свест и совет придонесуваат многу. Здравствениот систем сега е преоптеретен од невакцинираните. Затоа апелирам повторно да се вакцинираат, вакцини има доволни и само тоа е излезот од кризата, додаде Филипче.

Министерот Венко Филипче на денешната средба со новинарите беше запрашан и за почитување на мерките, односно непочитување од страна на политичарите, во изминатиот период додека треше кампањата за локалните избори и гласањето.

-Од сите мерки едни останаа исти, маска, дистанца и миење раце, подоцна дојдоа ванкцините. Тоа е целокупниот сет на мерки за борба против пандемијата. Не може ниедна држава се да исконтролира, затоа е  свеста и совеста на граѓаните многу важна. И затоа ги споменав семејните слави. Во минатото имавме многу мини бранови кои беа предизвикани од ифтари, семејни слави,  собири во домовите, а тоа не може да се исконтролира. Затоа граѓаните мора да се совесни. После изборите ова е сега едно засилување на  бројот на новодијагностицирани. За време на кампањите и изборите ситуацијата беше приличн0 мирна и сега како времето заладува, лугето се повеќе се внатре и се повеќе се зголемува ризик факторот, рече Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1