ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 12:01 PM

ЕУ одобри нови лекови против ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одоби два нови лека против коронавирусот за луѓето на кои им се заканува тежок облик на болеста. Во денешното соопштение, Агенцијата наведува дека се покажало дека двата лека засновани на моноклонски антитела значително го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт на пациентите кои се во ризик да развијат тешка клиничка слика.

ЕМА ја одоби комбинацијата на лековите касиривимаб и имдевимаб, но и лекот регданвимаб.

Агенцијата наведува дека безбедносниот профил на лековите е поволен и дека и покрај малиот број нуспојави, придобивките се поголеми од ризикот. Комбинацијата на лековите касиривимаб и имдевимаб ја произведува швајцарската фармацевтска компанија Рош, а лекот доби одобрување за итна употреба од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во ноември ланската година.

ЕМА наведува дека двата лека, и регданвимабот и комбинацијата на касиривимаб и имдевимаб треба да им се понудат на лицата постари од 12 години на кои се уште не им е потребна кислородна поддршка, но кај кои има ризик да се влоши состојбата со ковид-19. Агенцијата посочува дека комбинацијата на лековите исто така може да се користи превентивно. Овие лекови се даваат интравенозно.

Лекот Регданвимаб го произведува компанијата Celltrion Healthcare во Унгарија, а претходно доби одобрение во Јужна Кореја.

Третманите со антитела се меѓу малкуте терапии кои може да ги ограничат најлошите ефекти на ковид-19 и тие се единствената расположива опција за луѓето со благи до умерени случаи на болеста, а кои се уште не се хоспитализирани. Лековите претставуваат лабараториски произведена верзија на антителата кои го блокираат вирусот.

 

Извор:  espreso.co.rs

Фото: Илустрација/ Unsplash – Mat Napo


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1