ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 11:39 AM

Висок напон до трансформаторот го запалил Блокот 3 во РЕК Битола 

„Се работи на оспособување на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола кој беше ошететен во пожарот минатиот петок. Според првичните наоди, причина за пожарот е висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем“, соопштија од АД ЕСМ.
Додаваат дека, стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од техничките факултети во Битола и во Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот. Првичните, неофицијални наоди на АД ЕСМ покажуваат дека причина за пожарот е високиот напон кој дошол до трансформаторот, преку електроенергетскиот систем.

Генералниот директор и директорот на производство во АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Благојче Трповски, најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира постапките за спречување на слични појави во иднина.
Од компанијата информираат дека двајцата директори изразиле задоволство од динамиката на ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола и формирањето на солидни залихи на депонијата од која се снабдува термоелектраната.
„Во РЕК Битола продолжуваат завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2, кој во недела треба да биде ставен во функција“, се наведува во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1