ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/12/21 12:10 AM

Седницата е завршена, Владата продолжува во ист состав, рече Џафери на полноќ

Точно на полноќ заврши долгата и бурна седница на парламентот, на која требаше да се гласа недоверба на Владата на Зоран Заев. Дневниот ред не беше донесен и не се гласаше.

-Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот  состав и должностите кои ги има. Седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната влас , рече Џафери на крај.

Пратениците од опозицијата си заминаа неколку часа порано, а последни пред Џафери да заврши останаа премиерот Заев и министрите Венко Филипче, Љупчо Николовски, Бујар Османи, Радмила Шикеринска, Јагода Шахпаска, Мила Царовска,  Фатмир Бесими и Артан Груби…

Џафери рече и дека имајќи во предвид  се немало кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1