ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 11:13 PM

Велика Британија потврди прв случај на куче заразено со коронавирус

Се верува дека миленикот се заразил од сопственикот, кој претходно бил позитивен на коронавирус, пишува „Cronicle live“.

Кучето се „оздравува дома“ откако тестот утврдил дека тоа е прв случај на коронавирус кај куче во Велика Британија.

Инфекцијата кај миленикот била дијагностицирана на 3 ноември, по тестирањето во лабораторијата на Агенцијата за здравје на животните и растенијата (APHA) во Вејбриџ, Сарија.

Ова е прв официјален случај на инфекција кај кучиња во Велика Британија, но не е прв случај на заразени домашни миленици во светот. Минатата година во истата лабораторија беше откриено дека мачка е заразена со корона во Британија. Во согласност со меѓународните прописи, случајот е пријавен во Светската организација за здравје на животните.

„Тестовите спроведени од Агенцијата за здравје на животните и растенијата потврдија дека вирусот ковид- 19 е откриен кај домашно милениче во Велика Британија“, рече главниот ветеринар Кристин Мидлмис.

Надлежните рекоа дека заразеното куче е однесено на ветеринар поради друга болест, која нема никаква врска со корона и дека кучето сега закрепнува.

„Многу ретко се случува кучињата да се заразат, тие обично имаат само благи клинички симптоми и закрепнуваат за неколку дена“, велат тие.

Тие додаваат дека нема јасен доказ кој би сугерирал дека миленичињата директно го пренесуваат вирусот на луѓето.

„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме оваа ситуација и да даваме препораки до сопствениците на домашни миленици доколку нешто се промени.

Д-р Кетрин Расел, консултант и епидемиолог во Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, рече дека Ковид 19 најчесто се пренесува од човек на човек, но во некои ситуации вирусот може да се пренесе од луѓе на животни.

„Во согласност со општите упатства за јавно здравје, треба да ги миете рацете, вклучително и пред и после контакт со животни“, додаде таа.

Сопствениците на мачки или кучиња кои имаат корона треба да ги избегнуваат своите миленици додека се заразени, предупредија експертите пред неколку месеци.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1