ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 10:39 PM

„Изгледа деформирано“ – Памела Андерсон со својот изглед и несредена коса предизвика хаос

Сите ја паметат Памела Андерсон по улогата што ја прослави во серијата „Чувари на плажата“ во која најголемо внимание привлече со своето тело.

Покрај тоа, таа се смета за една од првите познати жени што вградила силикони. По градите, познатата актерка го направи носот и јаболчниците, а со текот на времето ги затегна очните капаци, за што подолго да го задржи младешкиот изглед.

Отсекогаш била фатална русокоса, а во јавноста ретко се појавувала во опуштени изданија, па вистинско чудо беше кога папараците ја уловија на прошетка во Малибу со несредена коса, во тренерки.

Во бела маичка под која носеше црн градник, Памела изгледаше непрепознатливо.

На мрежите обожавателите на Памела се судрија со хејтерите, па покрај коментарите „Изгледа ужасно и деформирано“, имаше и такви кои застанаа во одбрана на некогаш фаталната русокоса, тврдејќи дека изгледа одлично за нејзините години.

Извор: Србијаданас.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1