ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 10:05 PM

Брзи предвремени избори се решение, рече Николоски пред заминување од Собрание

Вечерва од пред Собранието на Република Македонија се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој истакна дека наједноставното решение сега е брзи предвремени избори.

-Денеска имаме уште еден ден запишан на црните страници на македонската историја затоа што денеска се погази демократијата, беше киднапиран пратеник, видовме како режимот на власт се транформира во најкриминоген режим воопшто виден на просторот на Европа. Многу побрзо од тоа што мислат ќе дојде денот кога ќе одговараат сите оние кои денеска киднапираа пратеник, и сите оние кои одземаа телефони од пратеници, ги чуваа пратениците во одредени простории за да не можат да излезат и направија се македонската демократија биде погазена, рече вечерва Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа политичка криза, а сега и безбедносна, здравствена и енергетска криза се брзи предвремени избори во најкус можен рок, истакна Николоски.

-Од денес власта има 59 пратеници, распоредот во Собранието е јасен, 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 59 пратеници СДСМ и ДУИ и еден киднапиран пратеник, на кој му посакувам се најдобро и се надевам дека за брзо ќе биде ослободен, по 12 часот кога ќе помине оној рок за гласање, рече Николоски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1