ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 6:26 PM

Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство, рече Митрески

После подолг период Христијан Мицкоски кажа голема вистина, дека ова постоечко парламентарно мнозинство ќе расте. Се друго што кажа, се она што денеска се случува во Собранието е резултат на докажаниот губитник Христијан Мицкоски, рече координаторот на пратеничката група од СДСМ, Јован Митрески.

Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање на недоверба на Владата. За овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста на било кој друг. Само тој на себе си е виновен. Само за власт седна на маса со анти НАТО, анти ЕУ структури, партии кои се против концептот „Едно општество за сите“.

Мицкоски треба да излезе во јавноста и да се извини, рече Митрески.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1