ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 5:10 PM

Починаа 13 пациенти, нови 432 случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 432 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.663 тестирања, како и 448 оздравени пациенти и 13 починати, информира Министерството за здравство.

Најмногу новозаболени се регистрирани во Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 448 оздравени пациент, и тоа од Скопје – 186, Куманово – 42, Прилеп и Велес – по 26, Кавадараци – 21, Битола – 19, Кочани и Штип – по 16, Тетово и Крива Паланка – по 14, Кичево – 9, Пробиштип – 8, Неготино и Охрид – по 6, Гевгелија и Делчево – по 5, Демир Хисар и Струга – по 4, Кратово и Свети Николе – по 3, Радовиш, Гостивар, Берово, Струмица и Валандово – по 2, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Пехчево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица, од кои четири починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по две починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1