ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 5:00 PM

(Видео) И камен ќе заплачеше – Со 11 хармоникаши, кои ја свиреа „Једина моја“ испратен Маринко Роквиќ

Вдовицата Славица и синовите Марко и Никола се неутешни поради големата загуба, примаа сочувство од колегите на Маринко од естрадата и пријателите, како и од оние кои ја ценеле работата на пејачот.

Легендарниот пејач беше погребан денес на гробиштата Нова Бежанија каде се собраа голем број познати личности, кои за последен пат дојдоа да го испратат Маринко.

Дури 11 хармоникаши го испратија со стиховите од неговата песна „Једина моја“, која никого не остави рамнодушен.


На погребот присуствуваа, покрај семејството, присуствуваа и пријателите, пејачите, меѓу кои Жељко Самарџиќ, Ацо Пејовиќ, Беки Бекиќ, Аца Илиќ со сопругата, Александра Пријовиќ и многу други, како и речиси целиот политички врв, предводен од Александар Вучиќ.

 

На погребот неговиот син, Никола Роквиќ одржа говор.

Извор и фотографии: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1