ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 3:52 PM

Расте бројот на млади пациенти со тешка здравствена состојба, во штипскиот ковид центар има само пет слободни легла

Се зголемува притисокот за болничко сместување во штипскиот Ковид центар. Во Инфективното и Кожното одделение има само пет слободни места, а пополнети се вкупно 65 болнички кревети. Инфектолозите велат дека на Инфективното се хоспитализирани вкупно 56 пациенти, на 46 им е потребна постојана кислородна поддршка.

Само во текот на вчерашниот ден се примени шест нови пациенти. Во здравствениот билтен нема регистрирано пациент, кој ја изгубил битката со вирусот. Инфектолозите алармираат дека во овој бран на делта сојот карактеристично е и што расте бројот на млади пациенти кои не се вакцинирани, а се примаат во тешка здравствена состојба.

Во Брегалничкиот регион бројот на активни случаи изнесува над 800, а од единаесетте општини Штип е на првото место со 261, на второто место е Кочани со 232 лица позитивни на коронавирусот

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1