ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 3:24 PM

(фото) Како се празнеше браната Калиманци

Изминатата пролет на почетокот на мај, Калиманското Езеро го достигна својот максимум од 27 милиони кубни метри вода, за веќе во август, односно три месеци подоцна да се види тажната слика со повлечената вода и тлото што се гледа. Се испразни браната во висина од 92 метри.

Оризарите веќе ги трпат штетите и деновиве се пожалија дека не успеале навреме да добијат вода за наводнување за своите ниви. На низводниот дел од браната е изградена хидроелектрана во која акумулираните води се користат за производство на електрична енергија кој работи под режимот на наводнување. Нејзината инсталирана моќ е 12,8 MW. Дали оваа состојба може да се препише на климатските промени и сушното лето, кога се случи празнење на хидроакумулациите? Евидентно е дека промените се случуваат во периодот кога се најави дека се очекува недостаток со електрична енергија кај нас и пошироко, а кулминираше деновиве со прогласувањето на кризна состојба.

Екипата на ММС низ фотографии направи преглед на висината на Езерото и промените кои се случуваа во периодот 2018 – 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1