ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 1:44 PM

Лидерот на Беса не е изненаден од неговиот пратеник Реџепи, Хоџа пак вели дека секој ќе одговара за своите постапки

Лидерот на Беса и доскорашен пратеник, а сега градоначалник на Тетово Билал Касами пристигнувајќи во собранието по веста дека опозицијата нема кворум, рече дека тука е со цел да види што се случува и оти нема дополнителни информации.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е изненаден од неговиот пратеник Кастриот Реџепи кој одлучи да не учествува на седницата за гласање доверба на Владата, Касами накратко одговори оти „од ништо не е изненаден“.

Претходно секретарот на Беса, Аријанит Хоџа, на својот фејсбук профил напиша дека „секој поединечно ќе одговара за своите постапки“, а соработката со Алијанса и Алтернатива ќе продолжи до падот на режимот.

 

фото:фб 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1