ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 1:04 PM

Кои се можните последици од ПЦР тестирањето и може ли да дојде до повреда, дилемите ги разрешува д-р Светлана Ваљаревиќ

Коронавирусот не’ научи дека мораме да се соочиме со нови методи кои досега не сме ги познавале, а поради ковид симптомите, тестирањето е неопходно. Еден од начините е земањето брис за ПЦР тест, а д-р Светлана Ваљаревиќ, специјалист по оториноларингологија од соедна Србија, открива дали со ова може да се случат повреди.

„Процедурата на земање брис од носот претставува безбедносна процедура, но како и секоја друга медицинска интервенција, таа носи одреден степен на можни компликации. Најчесто тоа се лесни повреди на слузницата на носот ако пациентот има потешкотии во вид на крварење од носот или кивање, доколку слузницата е отечена и чувствителна. Таквите повреди проаѓаат спонтано, а поретко се проследени со благо крварење“, објасни докторкта.

Таа додава:

„Во исклучително мал број случаи може да се случи врвот на стапчето за земање брис да се скрши па да мора да се отстрани од страна на оториноларинголог. Во светската литература се опишани неколку потешки повреди на коскената структуна база по земање брис, но такви повреди досега немало кај нашите пациенти“.

 

Извор/Фото:  novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1