ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 1:00 PM

Државава троши двојно повеќе струја отколку што произведува, МЕПСО четири пати упадна во европската мрежа-предупреди АХК

Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК) порачува дека Северна Македонија во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува, поради што црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби.
„Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја“, информира директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартен, во утринската телеграма на Делегацијата..

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пред два дена објави дека се прогласува 30-дневна енергетска криза во земјава, поради недоволното домашно производство на струја, и скапиот увоз на електрична енергија. За поддршка на ликвидноста на енергетските компании, АД ЕСМ и МЕПСО, тој посочи дека ќе се обезбедат деновиве 4 милијарди денари (65 милиони евра) од државниот буџет. Според Бектеши, струја ќе има доволно за домаќинствата и за малите фирми, за кои нема да има зголемување на сегашната цена до 1 јануари идната година. За подолг период, Владата не гарантира.

РЕК Битола, која произведува околу 70 проценти од потребите за струја во земјава, пред една пет дена имаше прекин во производството поради дефект во еден од блоковите, а пред една недела во Комбинатот се случи пожар во трафостаницата.

(М.Т.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1