ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/11/21 8:20 AM

Никола Мицевски во скафандер од Штип тргнува на гласање за доверба на Владата

За денеска во 11 часот е закажана седницата на Собранието, на кое се очекува да се разгледува иницијативата од 20 пратеници за гласање на доверба на Владата. Опозицијата со поднесување на оваа иницијатива тврди дека има обезбедено мнозинство од 61 пратеник. Меѓу овие пратеници се и двајца кои се во изолација. Се работи за координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски, пратеник од Штип и неговата колешка од Гевгелија, Ангелинка Петкова.

Следејќи го примерот на нивните колеги од коалицијата на СДСМ, Мицевски за ММС најави дека ќе гласаат во скафандери.

-Тоа е согласно Протоколот на Комисијата за заразни болести, а веќе е практикуван на претходни гласања. Тоа значи со целосна заштитна опрема и обезбедени услови од собраниските служби за таа цел, изјави Мицевски.

Пратениците од владиното мнозинство Бисера Костадиновска Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски на 21 април 2021 година, кога се гласаше за доверба на Владата, во Собранието пристигнаа во скафандери и заштитна опрема, спроведени од собраниските служби. Превозот сами го организираа со прифатни амбулантни возила. Тоа беше второ гласање од собраниските кабини во новата пленарна сала, кои беа да искористени за изолирано гласање на пратеници кои се позитивни или со сомнение дека имаат корона вирус. Претходно од овие кабини гласаше пратеникот на ДУИ, Арбен Зибери.

Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Владата поднесува оставка доколку ѝ биде изгласана недоверба.

 

фото: Бисера Костадиновска – Стојчевска од гласањето на 21.04.2021

извор: социјални мрежи


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1