ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 10:56 PM

Кој и да е на власт, нема да му биде дозволено од граѓаните да се коцка со нашата евроинтеграција, вели Пендаровски

Мислам дека кој и да е во следната влада ако ја има воопшто наредниве година-две поинаква од досегашнава, дека нема да се коцка со нашата евроинтеграција. Тоа просто нема да му биде дозволено не од меѓународниот фактор, туку од граѓаните, рече вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21.

– Мојата проценка од оваа позиција, е дека стратешката насока, и при евентуална промена на власта, нема да се менува. Затоа што мислам дека во однос на клучниот документ кој ни ги отвори вратите на Европа, зборувам за Договорот од Преспа, ако сегашната опозиција стане власт, ќе се однесува исто или слично како „Неа Демократиа“ во Грција. Јас кога зборував со Мицотакис, тој вели дека да бил на местото на Ципрас, немало да го потпише договорот. Рече дека не може, а да не го почитува договорот, иако не го сака. Затоа и јас мислам дека не треба да се коцкаме со ова, и нема да се коцка кој и да дојде на власт, рече Пендаровски.

Додаде дека се уште, со сите падови во евроентузијазмот кој, како што вели, е очигледен на сите анкети, се уште предоминантна бројка од македонските граѓани се за таа насока.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1