ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 8:11 PM

Како најлесно да исечете зелка, без да ви одземе многу време

Ниту ренде, ниту големи ножеви не се добро решение, а можат да одземат многу енергија и време.

Салатата од зелка е една од најчестите што се подготвува во сите домови. Овој свеж зеленчук „оди“ со се – и со различни видови месо, и со бројни чорби, со или без прелив, но подготовката често може да трае долго.

Зошто зелката не треба да се сечка многу ситно, бидејќи може да се претвори во каша, но и да не биде преголема, бидејќи тогаш не може да ги „собере“ зачините и да стане незгодно за јадење.

За да исецкате зелка за салата која ќе биде совршена за вашите непца, треба да примените едноставна техника и да го фрлите класичното ренде или големи ножеви за сечење зелка и да „повикате помош“ лупач за чистење зеленчук.

Главата зелка пресечете ја на половина, а потоа на четвртинки. На даска ставете четвртина глава од зелка, земете лупалка за зеленчук и повлечете ја горе-долу во внатрешноста на зелката.

Салатата ќе се исече рамномерно, зелката ќе биде тенка, а со тоа ќе ги „прими“ сите зачини или веќе подготвениот прелив. Покрај тоа, работата ќе се заврши брзо, а домаќинката нема да мора да вложи многу енергија за да ја подготви салатата.

За салатата да биде што повкусна, задолжително додадете малку шеќер во солта, стандардно – масло и оцет, но и најмалку 100 милилитри вода. Убаво измешајте ја салатата и оставете ја да отстои петнаесетина минути пред да ја послужите со главното јадење. Благодарение на водата, зелката дополнително ќе омекне, а шеќерот ќе го „подигне“ солениот вкус, па салатата ќе биде неодолива.

Извор: Еспресо.ко.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1