ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 5:23 PM

Во последните 24 часа починаа 13 лица, 656 нови случаи со Ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа од направени 3.597 тестирања регистрирани се 656 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 273 пациенти, а починаа 13 лица.

Од новозаразените, 257 се во Скопје, во Битола – 38, Куманово – 34, Прилеп – 31, Штип – 30, Кавадарци – 27, Тетово – 26, Велес – 24, Кочани – 23, Охрид и Крива Паланка – по 18, Струмица, Неготино и Делчево – по 13, Гевгелија – 12, Кратово – 11, Радовиш – 10, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по осум, Струга – шест, Кичево, Свети Николе, Крушево и Македонска Каменица – по четири, Берово, Виница, Богданци и Демир Капија – по три.

Оздравени пациенти се регистрирани во Скопје – 153, Куманово – 20, Кочани – 16, Прилеп – 14, Кавадараци – 12, Велес – 10, Битола, Штип и Крива Паланка – по шест, Тетово и Неготино – по четири, Делчево – три, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Виница, Пробиштип и Крушево – по два, Гостивар, Охрид, Ресен, Кратово и Демир Хисар – по еден.

Во Скопје починати се четири лица на возраст од 67, 76, 80 и 86 години, две починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1