ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 4:13 PM

Апасиев и Крмов од Левица ги повлекоа потписите, ќе падне ли утре Владата ?

Во Собранието попладнево е поднесен нов ревидиран список со барање за изгласување недоверба на Владата. Според неофицијални информации, новиот список е „потенок“ за 17 или за 20 потписи на пратеници. Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги повлекле потписите се и Александар Николоски и Владо Мисајловски,  а ги нема ниту оние на Димитар Апасиев и Борис Крмов од Левица, објавија поголем дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштијадека новиот список е доставен до собраниската архива и на него, како што наведуваат, од тактички причини, ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на претходната листа. Очекуваат утре да има седница на Собранието на која ќе биде изгласана недоверба на Владата. Според извори од ВМРО-ДПМНЕ, пратениците кои ги повлекле потписите, сепак, ќе гласаат за недоверба на Владата.

Повлекување на потписите на пратениците од Левица бараше пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, како услов неговиот потпис да остане на списокот за иницијатива за гласање недоверба на Владата.Тој дури најави и дека ќе ја напушти партијата, а може ќе поднесе и оставка од пратеничката функција ако неговата партија, одлучи со Левица да ја турне Владата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи од 61 пратеник, а покрај на ВМРО-ДПМНЕ, имаше и потписи од пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица.

Иницијативата за недоверба на Владата од ВМРО-ДПМНЕ уследи откако премиерот Зоран Заев, заклучно со понеделникот, не поднесе оставка како штѕо наајави по локалните избори.

(М.Т.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1