ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 3:21 PM

Србија ја замрзна цената на народниот леб „Сава“ на 46 динари во наредните шест месеци

Додека македонските мелничари деновиве најавуваат зголемување на цената на лебот и на пецивата, како резултат на двојно повисоката откупна цена на брашното што го набавуваат од мелничарите, а која е меѓу 18 и 25 денари за килограм, Владата на соседна Србија реши да ги заштити и пекарите и граѓаните од растечките берзански цени на пченицата поради помалото производство. Така, со Уредба Владата вчера ја замрзна цената на народниот леб „Сава“ од брашното тип 500. Тој нема да ја надмине цената од 46 динари (23 денари) во наредните шест месеци, а по потреба ќе се интервенира и од стоковите резерви.
Зоран Пралица, претседател на Здружението на пекари на Србија, за РТС изјави дека Русија го забрани извозот на пченица, Украина има поплави и дождови и нема доволно род, исто како и Канада и дека цената на светската берза ја „повлече“ угоре и цената на брашното.
„Не знаеме кога ќе престане растот на берзанските цени, бидејќи Русија го забрани извозот на пченица, во Украина имаше поплави и дожд, немаше доволно род, исто како и Канада. Се додека не добиеме нова пченица од јужната хемисфера, за два до три месеци, максималната цена од 46 динари, е одличен потег за надминување на тешкиот период“, рече Пралица.
Според него, оваа помош од Владата за продажба на брашно по цена од 30 динари од стоковите резерви, не е пресудна за формирањето на сегашната цена на лебот.
„Доколку пазарот не балансира и ако тие цени останат на берзата околу шест месеци или една година, мора да има измени. Засега ова е одлична интервенција и единствена интервенција за цената на лебот да не „дивее“, инаку ќе имаме цена на лебот од 80 или од 100 динари, која нашите клиенти не би можеле да ја поднесат“, вели Пралица.

Извор: danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1