ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 2:39 PM

Ќе ги трошиме парите на скопјани за приоритети, рече Арсовска, по раскинувањето на доворот за новогодишно украсување

По утринската информација дека новата градоначалничка Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишното украсување на Скопје, направен непосредно пред заминување на Шилего, таа подоцна пред новинарите, запрашана зошто го раскина рече:

-Да ги прекинеме сите ненаменски или сите трошења, кои не се соодветни, односно кои граѓаните сметаат дека не треба да се прават, а до овој момент биле правени од буџетските средства, кои се на граѓаните на Скопје.  Верувам дека ова е е едно од тие трошења, особено во моменти кога сме соочени официјално со прогалсување на енергетска криза од Владата, а според изјавите на министерот за економија со соочуваме и со потенцијални рестрикции. Ќе ги превземеме сите чекори кои се возможни, најпрво да ги сочуваме и домаќински да работиме со средствата на скопјани, а понатаму да го слушаме и нивниот глас. Реакциите вчера беа навистина големи, сметаме среде криза да почнеме со штедење на средствата наменски да се трошат за работи за кои скопјани сметаат дека се приоритети, рече градоначалничката Арсовска.

Арсовска не одговори дали воопшто Скопје годинава ќе биде украсено за Нова Година, туку најави дека се каже утре на брифинг.

Но, утрово во соопштен ието од Градот меѓу другото стоеше и дека следната година место досегашната практика на ненаменско трошење на парите на граѓаните и ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на Градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1