ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 1:56 PM

„Почнува сезона на слави, собирањето е ризик, треба да се внимава, апелираше министерот Филипче

На новинарско прашање кога ќе одржи состанок Комисијата за заразни болести, со оглед на зголемените бројки на заразени, министерот за здравство Венко Филипче рече дека средбата ќе биде в петок и ќе се знаат предлозите и согледувањата за  ковид состојбата во земјата. Филипче неколку пати досега го потенцирал тоа, но и сега, како што рече,  лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат постоечките и повторно упати апел до граѓаните да се вакцинираат.

-Со членовите на Комисијата сме во постојана комуникација, во иста зграда сме, и постојано е така, па и кога состојбата е  да речеме мирна.  Но, во петок ќе имаме состанок и  ќе ги слушнеме предлозите. Денес, пак,  испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти, рече Филипче.

Филипче  рече дека се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти, но добро е тоа што нема голем притисок врз болниците. Тој уште еднаш апелираше да се почитуваат протоколите, да се држи дистанца и да се носи маска. Почнува сезоната на слави, а секаков собир е ризик и затоа треба многу да се внимава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1