ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 10:20 AM

КОП26 Самит за климатски промени: државите постепено да ги укинуваат субвенциите за јаглен и за фосилни горива

Обединетото Кралство, домаќинот на Самитот на ОН за климатски промени КОП26, во Глазгов, денеска ја објави нацрт-политичката одлука за која ќе се преговара на Самитот во следните неколку дена, повикувајќи ги земјите да ги зајакнат своите национални климатски планови до крајот на 2022 година.
Во првиот Нацрт од „одлуката за КОП26“ од државите се бара „да ги разгледаат и зајакнат целите за 2030 година во нивните национално утврдени придонеси, колку што е потребно за да се усогласат со температурната цел од Парискиот договор до крајот на 2022 година“.
Исто така, се потсетува дека државите според Парискиот договор можат во секое време да дадат нови, поамбициозни климатски ветувања и ги повикува земјите за првпат постепено да ги укинат субвенциите за јаглен и за фосилни горива.
Внимателно се следи што би можело да ги обврзе земјите да направат за да го премостат јазот меѓу нивните сегашни климатски цели и поамбициозните активности кои научниците велат дека се потребни за да се спречат катастрофалните нивоа на затоплување, се посочува во Нацртот.
Дипломати од речиси 200 земји претставени на КОП26 ќе преговараат за финалниот текст што секој би бил подготвен да го потпише кога ќе заврши Самитот овој викенд.
Посиромашните, климатски чуствителни земји, побараа загревањето да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, бидејќи растот на температурата, наведуваат научниците, е многу блиску до катастрофа.
Притисокот за поредовни ревизии на климатските планови се смета за неопходен, бидејќи актуелните ветувања на земјите до 2030 година ќе предизвикаат загревање од 2,4 степени Целзиусови, стои во документот
Нацртот, објавен од ОН, исто така ги повика земјите да „го забрзаат постепено укинување на субвенциите за јаглен и фосилни горива“, како што бараа поддржувачите на климатските промени, а развиените земји се „поканети“ на итно зголемување на финансиските средства за поддршка на земјите во развој да одговорат на нивните потреби за прилагодување на влијанијата од климатските промени.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1