ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 10:07 AM

Ќе се поздравуваме ли повторно со бакнеж во образ? – Пандемијата постави нови социјални стандарди

Пандемијата на коронавирусот влијаеше ширум светот на социјалното однесување на граѓаните и сега во Франција се поставува прашањето дали традиционалниот бакнеж при поздравување ќе биде повторно можен.

Весникот „Ле Паризијен“ посвети цела рубрика на прашањето „Можеме ли повторно да се поздравуваме со бакнеж во образ?“.

Повеќе експерти го изнесоа своето мислење, а за вирусолозите е сосема јасно дека краткото тапкање по рамо е во моментов најбезбедната форма на поздравување.

Иако епидемиолошката ситуација во Франција е помалку напната отколку во Германија или Австрија, сепак и таму растат бројките.

Според податоците на здравствените власти бројни Французи уште минатото лето почнале да се бакнуваат во образ во текот на средбите.

Студијата на институтт „Ифоп“ покажува дека 65% од Французите практикуваат љубење во образ. И претседателот Емануел Макрон сака да се бакнува при официјалните приеми што и го направи при средбата со германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел.

Социологот Жан-Клод Кауфман кој е и автор на стручната книга за бакнување при поздравување вели дека ковид-19 би можел трајно негативно да влијае на француската култура и на тој обичај.

Извор: B92.net

Фото: netherlandsnewslive.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1