ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 10:53 AM

„Умрев четири пати во последните седум години, едвај ме спасија“ – Актерот Радко Полиќ Рац раскажа што се случува кога ќе се доживее клиничка смрт, има ли светло во тунелот

Актерот, Радко Полиќ Рац, зборувал за тоа како умрел четири пати во последните седум години, за атентатот што се обиделе да му го извршат во 1990-тите, како се тепал со Бато Живојиновиќ поради Слободан Милошевиќ.и како би сакал овој свет да може да започне одново но без човечки род.
„Јас сум на кислород 24 часа и тоа не е проблем, но морам да вдишувам на секои шест часа за да го земам лекот за воопшто да ми работат белите дробови. Што се однесува до срцето, тоа е ок сега. Имам осум стента, значи рекордер сум во Словенија. А што се однесува до моите бели дробови бев страшен пушач. Знаев да пушам по 4-5 кутии дневно. Па пушам само една кутија додека пијам кафе. Умрев четири пати во последните седум години едвај ме спасија. Пред две години беше најтешко. Во тоа време живеев во стан на приземје. Кога станав едно утро, останав без воздух, па со последните сили го отворив прозорецот, го грабнав телефонот и се обидов да повикам брза помош. Но, не можев. Умрев. Моја комшивка некако ме слушнала, па се симнала од станот и ме нашла како висам над прозорецот. Таа потоа повика брза помош и се обидоа да ме реанимираат. Бидејќи не успеаја, ме однесоа во Ургентен, каде што ме вратија во живот. Оттогаш имам страшни проблеми, белите дробови тотално ми отидоа. Бев долго време во Клиничкиот центар во Љубљана и никако не успеаја да ги средат, па морав да набавам кислород. И после месец ипол пак имав застој, едвај ме спасија. Оттогаш морам да вдишувам на секои шест часа“, вели Полиќ во интервју за мондо.рс и објаснил што се случува со човекот кога ќе умре, има ли светло на крајот од тунелот.

“Сето тоа е лага. Единственото нешто што паметам беше кога умирав мислев – леле мајко си одам. И драма. Кога ме вратија во живот, беше како повторно да сум роден. Ништо не ти е јасно. Половина час доаѓаш при себе и тоа е како ново раѓање.  И немаш поим што се случува околу тебе. Не можеш да се сетиш кој си, каде си.Ништо не ти е јасно.Ти требаат два или три часа да ја составиш сликата – аха, јас сум Радко, во болница сум. Последен пат умрев некаде помеѓу 5 и 6 часот наутро и после цел ден ме спасувале. Мислеа дека ќе имам оштетување на мозокот. Вториот или третиот ден ми зборуваа како на дете. Иако им кажав дека знам кој сум и каде сум, тие ми објаснија дека треба полека со мене, плашат дека ќе имам оштетување на мозокот бидејќи долго време сум на оној свет. Но, овде мозокот работи, иако телото отиде по ѓаволите, рекол тој за мондо.рс.
А на прашањето дали ја имале вистината дека во такви моменти на човек му поминува цел живот пред очи, Полиќ вели:

Фото: Фејсбук

„Не, не. Умираш во секунда. Можеби тоа се случува кога некој ќе умре за една минута, две или три. Мене ми згасна се. Одеднаш звукот исчезнува. Готово е, чао, адио!”.
Кога требало да оди на операција, каде што имало големи шанси да умре на операционата маса, Полиќ решил да ги повика браќата и синовите и да им ги каже последните желби.

„Седев на креветот, го гледав зајдисонцето и ги имав документите со мене што требаше да ги потпишам за да се согласам со операцијата. Седев толку мизерно на креветот и потоа, пред да потпишам , им се јавив на браќата и на синовите. Им реков – утре одам на операција, ајде да се поздравиме. Ве сакам. Ако не се вратам, не правете проблеми туку запалете ме и фрлете ме во море.  Во мојата соба влезе докторот, кој ме оперираше следниот ден. Ми рече дека ќе ме спаси со стентови. Прв пат слушнав за тоа. Но, причината што се согласив за операција е кога тој ми рече: „Знаеш што, да си ми татко, ќе те спасев на овој начин“. Се ракувавме и утре дента во 9 бев на операционата маса“, рече Полиќ во интервјуто за мондо.рс.

 

Фото: TV SLOVENIJA/PRINTSCREEN


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1