ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 8:18 AM

Беровци се смрзнаа утрово – Денес сончево со ветер

Почна да паѓа температурата под нула, полека, полека ни се приближува зимата. Доказ за тоа, како што информираат од УХМР, е Берово, кое утрово живее со  минус два, но, затоа, пак,  Гевгелија е со 9 степени утрово.

Нула степени се измерени во Скопје, еден во Крива Паланка и Маврово, два во Крушево, Лазарополе, Куманово и Штип, три во Битола, Демир Капија, Попова Шапка и Прилеп, четири во Виница и Струмица, шест во Тетово,  седум во Охрид и Претор и осум во Дојран.

УХМР за денес прогнозира  сончево со умерен ветер и краткотраен дожд во југоисточните делови. Максималната температура ќе достигне до 15 степени, додека во Скопје ќе биде до 13 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1