ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/10/21 8:30 AM

„Не сум добро, не можам да зборувам за болеста“ – Пејачката Мерима Његомир се бори со тумор, паднала во постела

Здравствената состојба на познатата пејачка Мерима Његомир е сериозно нарушена, се бори со тешка форма на тумор.
– Мерима не се чувствува добро. Откри дека е тешко болна и тоа ја покоси. Се бори со тешка форма на тумор. Последниот месец падна во кревет, колабирала и не станала од креветот. Децата ја посетуваат, и носат намирници и ѝ го чистат станот, додека најмладата ќерка се вселила кај неа, за да биде при рака и да ја поддржи во овие тешки денови. Тешко и е да објаснува каква е нејзината здравствена состојба, па избегнува да разговара со некого – открива извор за Пинк.рс
Сериозната состојба со здравјето го потврдила и пејачката.

-Не се чувствувам добро. Не можам баш да зборувам, а камоли да зборувам на таа тема. Куќата ми е полна, семејството е тука, сите се со мене, а пред се моето семејството – тоа беше се што Мерима порачала за Пинк.рс.
Нејзината ќерка Јелена Његомир со трогателни зборови и го честиташе роденденот на својата болна мајка.


Мерими пред два дена го прослави 68. роденден, а нејзината наследничка сподели видео со семејни моменти и и испрати емотивна порака.
– Не знам што ќе се случеше ако не ме учеше уште од мала дека само љубовта со делење се множи. Како би било ако не ми всадеше во секоја пора дека давањето е и примање. Каков би ми бил сега животот ако со животот не ми покажеше дека храброста секогаш се исплати и да го следам срцето како единствен пат. Дека невозможното не постои кога имаш силна волја. Не знам каде би била да не растев со твојата сила. Но, знам дека никој од нас немаше да биде ако не се родеше на тој деветти ноември. Среќен роденден на мојот најдобар пријател. На најдобрата мајка на светот – порача ќерката на Мерима.

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1