ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 11:12 PM

Се омажи Малала – Најмладата добитничка на Нобелова награда која Талибан ја застрела во главата

Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2014 година, Пакистанката Малала Јусафзаи, се омажи за својот избраник Асер Малик во Бирмингем.

Исламската свадбена церемонија никах била извршена во круг од двете семејства, а Малала објавила фотографии на својот Твитер профил.

„Ова е посебен ден во мојот живот. Асер и јас се обврзавме да бидеме доживотни партнери. Прославивме со мала никах церемонија во домот во Бирмингем со нашите семејства. Молете се за нас. Возбудени сме што ќе поминеме низ животот заедно“, напиша Малала на Твитер.

На оваа социјална мрежа и честитаа пријатели и поддржувачи на младата активистка која се бори за образование и женски права.

Во октомври 2012 година, Малалу Јусафзаи ја застрела талибанец во главата, кој упадна во училишен автобус, барајќи ја токму неа.

Таа го афримираше правото на жените на образование во многу конзервативните делови на Пакистан, поради што стана мета на атентатори.

Откако беше застрелана, на само 14 години, таа им кажува на талибанците кои инсистираа да ја замолчат, дека само и го засилиле гласот.

Нобеловата награда за мир ја доби во 2014 година, на 17 години и со тоа стана најмладата лауреатка во историјата, а оттогаш ја напиша книгата „Јас сум Малала“, зборуваше пред Обединетите нации и се сретна со бегалците.

Малала стана милионерка во 2016 година, благодарение на одличната продажба на книги, но и настапите ширум светот.

Малала, чии родители склучија „договорен брак“, во интервју за британското издание на магазинот „Вог“, уште во јули навести дека гледајќи дека нејзините пријатели од факултет полека почнуваат да „се смируваат“, таа постепено и само што почнала да размислува за брак.

 

„До втората година на факултет тврдев дека никогаш нема да се омажам, дека никогаш нема да имам деца – само ќе си ја работам работата. Ќе бидам среќна и ќе живеам со моите родители засекогаш. Не сфатив дека не сме иста личност цело време“, истакна Малала. „Сите ние се менуваме и растеме.

Извор: Ртс.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1