ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 9:29 PM

Кога љубовта на Џеј Ло и Бен е во прашање, небото е граница – Парот разменуваше нежности на аеродром

Латино дивата Џенифер Лопез (53) и нејзиното момче, актерот Бен Афлек (49) се фотографирани додека се поздравуваат на аеродром, а поради сцената многумина коментираат дека кога е во прашање љубовта на Џеј Ло и Бен, небото е граница. .

Тие останаа заедно во Лос Анџелес, но пејачката мораше да замине поради обврски.

Џенифер пред да се качи во приватниот авион се прости од Бен со размена на нежности, а колку се сакаат јасно покажуваат емотивните фотографии.

Џеј Ло и Бен се гушкале долго, а потоа се бакнувале. Актерката широко се насмевна и го погледна заљубениот актер, а потоа го прегрна, а во еден момент ја потпре главата на неговите гради, додека Бен нежно ја бакнуваше во челото.

Иако и Бен и Џенифер имаат еден куп обврски, тие го прилагодуваат распоредот за да можат да поминуваат време заедно.

– Тие усогласуваат нивните распореди за да бидат сигурни дека ќе се гледаат на секои неколку дена. Работите се добри меѓу нив, и тие остануваат поврзани. Тие се зафатени со своите проекти, но наоѓаат време и да бидат заедно – рекол изворот минатиот месец.

Џеј Ло и Бен за прв пат се верија во 2002 година, но една година подоцна ја откажаа венчавката, за во 2004 година да го објават раскинувањето на нивната долгогодишна врска. По 17 години тие се повторно заедно, а нивните обожаватели се надеваат дека овој пат е „засекогаш“.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1