ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 8:43 PM

Масимо Савиќ откри дека бил уценуван – Ми бараа пари за го изгасат профилот

Масимо Савиќ на својот Инстаграм профил објави дека е жртва на уцена и побара помош од своите следбеници.

Некој го украл идентитетот на познатиот пејач. Тоа прво се случи во февруари, а сега очигледно повторно се појави неговиот нов лажен профил.

– Моите луѓе немаат попаметна работа од тоа да пишуваат барања до луѓе кои отвораат лажни профили со моето име да се отстранат. За жал, понекогаш тој напор не резултира со успех и затоа сега мораме да побараме ваша помош – стои на почетокот на објавата на официјалниот профил на Масимо Савиќ, во која од следбениците се бара да пријават лажен профил на Инстаграм.

– Работата со лажните профили се повторува и секако им се случува на многумина и за тоа одамна не предупредувавме, туку од случај до случај ја решававме, но сега има неколку пријави од вас дека лицето кое отвори лажен профил ви испраќа пораки со сомнителна содржина.

– Дополнително, дотичниот бараше пари од моите за да го укине профилот! Нема проблем, само да се договориме од која сметка ќе го платиме. Значи, дека покрај сериозните проблеми од здравствени до економски кои влијаат на животот на сите нас, мора да наидеме и на такви свиркачи, тоа навистина не доаѓа предвид – заклучи тој.

Извор: 24сата.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1