ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 8:09 PM

Внимавајте – Сушењето на облека во домот може да биде опасно

Сушењето на облека во просторијата во која престојувате може да биде навистина опасно.

Поради ова во просторот се акумулира влага, која особено лошо влијае на астматичарите и луѓето склони кон алергии, предупредуваат експертите.

Секоја година, за време на „влажни“ и студени денови, сите домови изгледаат практично исто. Продолжена решетка за сушење во дневната или спалната соба, радијатори покриени со чорапи – но ретко кој се прашува колку е ова здраво!?

Сушењето облека во просторот каде што живееме може да биде опасно. Оваа практика на сушење алишта во четири ѕида е тесно поврзана со високата концентрација на влага и мувла во воздухот.

Сепак, и покрај фактот што ќе се појави влага на вашите ѕидови, работите може да се влошат ако користите омекнувач. Бидејќи при сушењето на облеката може да дојде до испарување на штетните материи.

Експертите советуваат да избегнувате сушење алишта во станот, а доколку навистина не можете да ги исушите испраните алишта надвор, тогаш барем одвреме-навреме добро проветрете ја куќата.

Исто така, облеката никогаш не треба да се суши во просторијата каде што спиете.

Извор: Еспресо.ко.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1