ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 7:39 PM

Освежителна торта од лимон

Лимонот во колачите е многу честа состојка, но за љубителите на овој цитрус е недоволен само како додаток. Додава освежителна нота, но и посебна арома на слатките и е незаменлив во многу рецепти, како оние за крофни или милиброд.

Сепак, ова е торта направена целосно од лимон и ќе ја обожаваат дури и оние кои не се љубители на аромите на цитрус во слатките.

Состојки:

150 гр брашно

1 кесичка прашок за пециво

Прстофат сол

200 мл јогурт

200 гр шеќер

3 јајца

120 мл масло

Сок и кора од два лимони

1 кесичка арома од ванила или 1 ванилин шеќер

1 лимон за декорација

Неколку листови свежо нане за декорација

за глазура:

130 гр шеќер во прав

2-3 лажици лимонов сок

Подготовка:

Измешајте ги прашокот за пециво, брашно и сол. Во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ја смесата од јогуртот, маслото и брашното и со жица измешајте сè во хомогена смеса без грутки.

Потоа додадете го сокот и ренданата кора од два лимона, арома на ванила (ванилин шеќер) и повторно измешајте сè.

Загрејте ја рерната на 200 степени, плехот за печење намачкајте го со масло и посипете го со брашно, па прелијте ја смесата за колачот. Печете околу 30 минути, додека рабовите не поруменат малку.

Шеќерот во прав измешајте го со лимоновиот сок, за глазурата да биде мазна, доволно тенка за да можете да ја нанесете, но и густа да не се разлева премногу.

Кога колачот е готов, извадете го од рерна и оставете го десетина минути на собна температура, а потоа нанесете ја глазурата од шеќерот и лимонот.

Оставете го целосно да се излади на собна температура, а глазурата да се исуши, па префрлете ја во фрижидер и чувајте ја таму до послужување.

Изладената торта исечкајте ја на коцки со саканата големина, па украсете ја со прстени од лимон и листови нане.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Shutterstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1