ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 6:45 PM

Им ги замениле ембрионите на клиника за ин витро – Судот сега одобри размена на бебињата

Брачен пар од Лос Анџелес поднел тужба против клиника специјализирана за ин витро оплодување откако било утврдено дека се разменуваат ембриони и дека имаат дете од друго семејство.

Кога Дафне и Александар Кардинале првпат го виделе своето новороденче во септември 2019 година, веднаш забележале дека девојчето има потемна кожа и коса од остатокот од семејството, изјавија нивните адвокати.

„Генетските тестови открија дека бебето кое Александар и Дафне го добија и го одгледуваа неколку месеци не е генетски поврзано со нив. Нивното бебе беше биолошко дете на други луѓе“, додаваат адвокатите.

Според тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес, веројатно од невнимание биле разменети ембрионите на две несродни двојки и имплантирани на жена која не била донатор на јајце клетки.

Откако ја откриле грешката, двата пара се сретнале и решиле да ги земат своите биолошки бебиња, а таа размена била одобрена од судот.

Меѓутоа, таа грешка оставила траги и страдања, тврдат кардиналите кои бараат отштета.

„Раѓањето на нашата ќерка требаше да биде еден од најсреќните моменти во мојот живот. Но, веднаш бев шокиран и вознемирен што не ја препознав“, изјави Александар Кардинале

„Кога вистината излезе на виделина, замената на децата беше уште повознемирувачка. Беше навистина кошмар да изгубиш дете што го познаваш и да го добиеш твоето дете кое сè уште не го знаеш“, додаде тој.

Извор: Рс.н1инфо.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1