ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/9/21 6:07 PM

Бугарија ќе се претстави на Детската Евровизија со песна на Гарванлиев, Јордановски и Малинова

Детската Евровизија ќе се одржи 19 декември во Париз. Бугарија ќе ја претставуваат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов со песната „The Voice of Love“, чии автори се македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, официјалното претставување на песната „„The Voice of Love“ ќе се одржи в сабота во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ 1.

Денислава Димитрова и Мартин Стојанов потекнуваат од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Тие имаат освоено бројни награди, а музиката е дел од нивниот живот уште од раното детство. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова.

На 19-то издание на Детската Евровизија ќе настапат изведувачи од 19 земји.

МИА

Фото: Фејсбук


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1